Еколошки проблеми

Постојат многу проблеми кои ја поврзуваат еколошката средина и нас, меѓутоа од општоприфатените дефиниции и генерално еколошките проблеми ги дефинира како проблеми кои се настанати од човечките активности во животната средина.

Еколошките проблеми можеме да ги гледаме преку следната дефиниција:

-Еколошките проблеми се промени предизвикани од човечки активности кои во голема мера го загрозуваат балансот на екосистемот и благосостојбата на жителите.

Денешната цивилизација, на почетокот од третиот милениум се соочува со бројни еколошки проблеми, кои објективно, се тешки за решавање.

Големата деградација на ресурси и екосистемот на глобално ниво е резултат на урбанизација, сиромаштија, неодржлив потрошувачки раст на луѓето.

Глобалното затоплување  доведува до пораст на температурата на океаните и земјината површина, која поттикнува пораст на нивото на морето, исто така и предизвикува поплави или десертификација. Во третиот милениум, глечерите се центар на истражувањата од причина што нивното повлекување е брзо.

Глобалното загревање значајно влијае врз поместување на вегетационите појаси, популацијата на животните но и на земјоделието. Иако земјоделството на глобално ниво, со технолошкиот напредок може да претрпи мала промена во поглед на основното производство во услови на промени на клима и ќе направи голем регионален јаз помеѓу развиените и неразвиените земји.

facebook
Twitter
Follow

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Scroll to Top