Највкусниот леб од банана

Потребни состојки:
  • 250 гр брашно од цело зрно
  • 1 лажиче сода
  • 1/4 лажиче сол
  • 1/2 лажиче цимет
  • 115 гр несолен путер
  • 150 гр кафеав шеќер (или шеќер од кокос)
  • 2 големи јајца (или 70 g аквафаба, течноста која се формира после варењето наут)
  • 80 гр јогурт
  • 4 зрели банани
  • 1 лажиче екстракт од ванила
  • 100 гр ореви
Начин на подготовка:
  1. Загрејте ја рерната на 180 ° C. Ставете хартија за печење во садот или подмачкајте  го со масло.
  2. Во голем сад измешајте ги сувите состојки односно брашното, солта и циметот.
  3. Путерот  треба да се стопи да постане мек, но не дозволувајте да се загрее. Матете го со шеќерот со голема брзина 2 минути. Додавајте јајца едно по едно мешајќи го секое со миксер на средна брзина. Ако користите аквафаб, тогаш измешајте го со миксер додека не добиете густа конзистентност. После тоа во смесата  додавате  ванила, јогурт и банани . Измешајте сè додека не се изедначи. Потоа, со бавна брзина ги додавате и ги мешате сувите состојки во смесата, но не претерувајте со миксер во оваа фаза. Додадете ореви.
  4. Смесата ставете ја во сад за печење, одозгора ставете тенко исечени банани. Ставете ја смесата во рерната да се пече на во претходно загреаната рерна на  180 ° C , 60–65 минути. Ако по 30 минути од печењето,  видите дека лебот одозгора потемнува  со темно кафена боја, можете да го покриете одозгора со фолија до крајот на неговото печење.
  5. Чекајте лебот да се олади целосно и уживајте!
facebook
Twitter
Follow
Scroll to Top