Ден на планетата Земја (Earth Day)

Ден на планетата Земја (Earth Day) – секоја година на 22 Април, луѓето на целата планета го одбележуваат Денот на планетата Земја. Овој празник стана универзален симболичен празник на љубов и грижа за нашиот заеднички дом, и се слави низ целиот свет со цел да се поттикне свесноста за заштита на животната средина. Настанот за прв пат бил организиран од движењето “Ден на Земјата”. На овој ден во различни делови на светот, луѓето кои не се рамнодушни кон проблемите со животната средина одржуваат настани чија цел е да се направи светот по чист,како и да се зголеми нашата одговорност кон животната средина.

Приказната. За основач на Денот на Земјата се смета Џон Стерлинг Мортон од Небраска (САД), кој на состанокот за управување со земјоделството како секретар на територијата Небраска предложи во 1872 година да се назначи ден во годината кој ќе биде посветен на уредување, грижа и озеленување на околината. Предлогот беше одобрен и доби широка поддршка од државата. Во 1882 година, Денот на дрвото беше прогласен од владата на Небраска за официјален државен празник, а неговиот датум беше 22 април (Денот на Земја).

На 22 април 1970 година во Њујорк (САД), славниот американски политичар и активист Сенатор Гајлорд Нелсон формира група од студенти под раководството на Денис Хејс (студент на Харвард), кој го организираше првото одбележување на националниот празник – Денот на Земјата. Бидејќи беше време на активни студентски движења, иницијативата привлече големо внимание. Неговите учесници им сугерираа на обичните Американци да обрнат внимание на проблемите со животната средина од нашето време, и да се обидат заедно да ја заштитат зелената планета. Една година подоцна, во САД беше формирана државната агенција за заштита на животната средина, која и ден денес таа е доста активна и има блиски контакти со владини агенции во повеќето земји.

Во 1971 година, благодарение на успехот на првиот „Ден на Земјата“, сенаторот Нелсон прогласи и „Недела на Земјата“ (секоја година 3-тата недела од месецот Април) како годишен настан кој стана исклучително популарен кај населението во САД. Подоцна Нелсон беше награден со „Претседателски медал на слободата“ како признание за неговата одлична работа.

Меѓународниот празник е прогласен во 1990 година. На иницијатива на американскиот универзитет Стенфорд, 90-тите години биле прогласени за „Декада на животната средина“. Оваа акција доби поддршка во повеќе од 120 земји, а повеќе од 40 земји ги здружија силите за спроведување на кампања за зачувување на биолошката разновидност. На овој празник, секој жител на планетата може да даде мал придонес во заштитата на животната средина: да ја исчисти околината од отпадоци, да засади барем едно дрво, да одбие да го користи автомобилот најмалку еден ден и сл.

Во 2009 година, Генералното собрание на ООН го прогласи Меѓународниот ден на Мајката Земја, и донесе одлука 22 Април, да се слави како Ден на планетата Земја (Earth Day).

ЕкоГен Ве мотивира и поттикнува да ни помогнете во нашата мисија да ја заштитиме нашата животна средина и да ја негуваме не само на овој ден туку секој ден во годината.

Приклучете се на нашата иницијатива и споделете ја според вас најубавата фотографија до нашата планета со хаштаг #ЈасСумЕкоГенерација, најинспиративните фотографии ќе ги споделиме на нашиот сајт.

Со љубов, ЕкоГен

facebook
Twitter
Follow
Scroll to Top