Овесна каша со јагоди и ореви

Потребни состојки:

– 50 гр овесни снегулки 

– 200 мл млеко (може растително)

 – 10 гр кокосово масло

– 30 гр свежи јагоди

– 10 гр суво грозје 

– ореви

– природен засладувач по избор (на пр. мед, маџун, стевиа) 

– малку сол

Начин на подготовка:

Зовријте го млеко со малку сол, истурете ги овесните снегулки во загреаното млеко и варете ги мешајќи додека не се сварат (времето на варењето е наведено на пакувањето и зависи од степенот на мелење на житарката).

Откако ќе се свари додадете го кокосовото масло во готовата овесна каша, додадете го природиот засладувач, измешајте и ставете ја кашата во чинија.

Посипете со јагоди, суво грозје и ореви.

facebook
Twitter
Follow
Scroll to Top