Печен лосос со нудли од тиквички и морков

Потребни состојки:
  • Филети од лосос (2 парчиња по 200 гр.)
  • 1 тиквичка, 1 морков и малку млад спанаќ.
  • Било какви зачини по ваш избор, на пример црн бибер и морска сол
  • Маслиново масло
Начин на подготовка:

1. Исчистете ги тиквичката и морковот на долги парчиња. Ставете ги во голем сад со солена вода.

2.  Пуштете ја рерната на 200°C. Испрскајте го лососот со маслиново масло и зачинете со мешавина од зачини. Печете околу 15 минути во претходно загреана рерна.

3. Додека се пече лососот, ставете ги тиквичката и морковот да се варат во врела вода, од прилика на 3 минути. Потоа исцедете ги, зачинете и наредете ги на чинијата за сервирање.

4. Извадете ја рибата од рерната и сервирајте ја врз претходно припремените тиквички и морков, додадете малку спанаќ за декорација.

Добар апетит!

facebook
Twitter
Follow
Scroll to Top