Риба со салса од авокадо и манго

Потребни состојки:
  • какво било филе од риба 200 гр. (по ваш вкус) 
  • 1 чаша киноа
  • маслиново масло по вкус
  • сол и бибер по вкус

За салса:

  • 1 авокадо
  • 1 манго
  • 1 мал црвен кромид
  • мало купче кориандер
  • мало купче магдонос
  • 1 лајм
 Начин на подготовка:

Риба: Посипете ја рибата со маслиново масло, сол и бибер, печете во рерна на температура од 200 ° C 15-20 минути.

Киноа: Сварете ја киноата во сооднос  1 чаша житни култури и 2 чаши вода, доведете до вриење и оставете ја да отстои 15-20 минути. 

Салса: Исечете го авокадо, мангото и кромидот на мали коцки. Ситно исецкајте ги магдоносот и кореандерот. Измешајте сè, додадете зачини иисцедете сок од еден лајм.

Сервирајте ја рибата врз прилогот од киноа и посипете ја со салса од авокадо и манго.

Добар апетит!

facebook
Twitter
Follow
Scroll to Top