Потребни состојки за 2 порции:
- 225 гр тортелини
- 1 лажичка маслиново масло
- 1 ситно сецкан кромид
- 4 домати сецкани на ситни парчиња
- Спанаќ (450 гр)
- 3 главици лук
- Бибер и сол
- 40 гр зеленчук по желба: моркови, кромид, целер, магдонос, а може и печурки.1 црвена пиперка чили (мелена)
- 1 лажичка мелен црвен пипер
- 60 гр. пармезан
Начин на подготовка:
1. На средна топлина, во тава ставете го маслиновото масло и пропржете го кромидот. Додадете го доматот, црвениот пипер, бибер и сол. Проппжете со мешање на 3-4 минути.
2. Додадете ги чешњињата лук, претходно сецкани, спанаќот и зеленчукот во тавата и мешајте ги состојките заедно околу 2-3 минути додека спанаќот не омекне малку. Тргнете ја тавата на страна да се олади.
3. Згответе тортелини согласно упаствата за готвење на тортелините на самото пакување.
4. Додадете ги сварените тестенини во тавата со домати и спанаќ. Промешајте и загревајте на средно-тивок оган, ставете ги во чинија, посипете го изренданиот пармезан и пропрскајте ги со маслиново масло.
Уживајте!