Чинија со наут и зеленчук

Потребни Состојки:
  • 100 гр наут (леблебија)
  • 100 гр Бриселска зелка
  • 3 шампињони
  • 1 авокадо
  • 50 гр спанаќ
  • 50 гр рукола
  • 20 g индиски ореви
  • 3 големи лажици кокосово млеко
  • маслиново масло
  • малку семе од сусам
  • бибер
  • сол
Начин на подготовка:
  1. Потопете 100 гр наут во вода преку ноќ да отстои, исплакнете го наутро и варете го 40 минути. Во водата може веднаш да се стави сол за зрната да останат цврсти.
  2. Бриселска зелка ја посолуваме и ја пропржуваме во маслиново масло на тивок оган 20 минути. Покријте ја тавата со капак.
  3. Исечете ги печурките на парчиња и пропржете ги во маслиново масло од двете страни додека да добијат златно кафеава боја.
  4. За сос изблендирајте грст индиски ореви со 3 лажици кокосово млеко, додадете по малку од ѓумбирот, свежо мелениот црн бибер и сол, и измешајте. Посипете со семе од сусам.
  5. Сервирање: ставете го наутот во чинија, додадете ги спанаќот и руколата, додадете ја бриселската зелка, печурките, ставете го сецканото авокадо. Послужете го заедно со сосот од индиски ореви.

Пријатен оброк!

facebook
Twitter
Follow
Scroll to Top