Што се Еко Хотели и зошто нивната популарност секоја година расте

Во целиот свет се почесто луѓето претпочитаат да пазарат органски и природни продукти, да возат велосипед наместо автомобил, се откажуваат од пластиката.

Дури и големите корпорации како „Мегдоналдс“ ги заменија пластичните цевки со еколошки исплатлива варијанта на цевки од хартија. Туристичкиот бизнис исто така напредува на темата екологија, така и Еко хотелите добиваат на сериозна популарност. Што е тоа што ги истакнува Еко хотелите повеќе од обичните хотели низ светот.

Што е Еко хотел?

Еко хотелите се појавија како зголемен вид побарувачка за одмор во природа во последните 20 години. Бројот на патници кои избираат да одат на еко патување расте секоја година, а со тоа расте и понудата. Согласно последните студии, туристите се подготвени да платат повеќе за да бидат во хотел чиј персонал се грижи за околината. Главната цел на еко хотелите е да ги освестат гостите за нивната одговорност кон животната средина и да им помогнат да го минимизираат нивното негативно влијание врз природата. Главната одлика на Еко хотелите е тоа што тие се наоѓаат во природни зони, им помагаат на гостите да ја возобноват својата врска со природата и ред други придобивки како што се свеж чист воздух, природна здрава исхрана, природни материјали со кои се опремени и изработени хотелските соби, и ред други активности во природата. Не секогаш овие еко хотелите се изградени во шумите, многумина од нив се градени во паркови во најимпресивните мегаполиси во светот.

Во некои од хотелите нема мобилна комуникација, потрошувачка на електрична енергија и вода е намалена, на пример водата во тушот се загрева од соларни панели, а наместо светилки се користат свеќи. Гостите на хотелот можат да пробаат локални продукти произведени во органски услови. Еко хотелите исто така им нудат на своите гости убав сон во органска постелнина, нетоксични средства за хигиена и еко тоалети. 

Како изгледаат Еко хотелите?

Повеќето еко хотели се изградени во вид на куќи или колиби дизајнирани според видот на живеалишта на домородните племиња, како и според живеалиштата на локалното население кои живеат на таа територија. Тука нема да сретнете луксуз или раскошни апартмани, во повеќето хотели има само кревет, маса и неколку фотељи, секако изработени од природни материјали од дрво или камен.

Карактеристиката на еко хотелите е исто така во тоа што тие нудат обуки, информации за гостите во поглед на зачувување на животната средина. 

На посетителите им се раскажува за флората и фауната на локалните екосистеми и се изучуваат начини за намалување на нивното влијание врз животната средина.

Photo| Garonga Safari Camp | Provided by BOOKING.COM
Photo| Spice Island Beach Resort | Provided by Spice Island Beach Resort
facebook
Twitter
Follow
Scroll to Top