Како кокосовото масло може да ни помогне да ја освежиме и негуваме косата во домашни услови

Кокосовото масло се покажа како одличен продукт за убава, силна и здрава коса. Можете да го користите на многу различни начини: како состојка за маска, да го додадете во шампон, да го искористите наместо регенератор или како масло пред термичка изложеност на косата. Кокосовото масло најчесто се нанесува на сува коса, но ако одлучите да ја замените вашата маска со кокосовото масло, тогаш прво треба да ја навлажните косата.

Како што знаете кокосовото масло може да реши многу различни проблеми со косата. Ги собравме најпопуларните и наједноставните рецепти за користење на кокосово масло за нега на коса.

Совети за кршлива коса

Нанесете тенок слој од маслото по целата должина на косата или само на краевите. Завиткајте ја косата во сува крпа и оставете ја преку ноќ. Наутро исплакнете ја косата со шампон.

Мешан тип на коса

Ако имате мрсен скалп но суви краеви тогаш користете ја оваа маска за да можете да решите два проблеми одеднаш: да го елиминирате вишокот себум од скалпот и ја нахраните структурата на вашата косата. Нанесете неколку лажици природен јогурт на скалпот, а кокосовото масло намачкајте го по краевите на косата. Држете околу еден час и исплакнете со вода.

За сјај и хидратација

Загрејте 2-3 лажици кокосово масло и додадете 2 капки есенцијално масло од роза. Потоа нанесете ја маската на сува коса, рамномерно распределувајќи ја по целата должина, но без да ги допирате корените. Завиткајте ја главата со фолија или крпа и исплакнете ја после два часа.

Да се ​​зацврсти структурата на влакното

Измешајте лажичка мед и кокосово масло, и истите загрејте ги на водена пареа, и додадете есенцијално масло од лаванда. Нанесете на влажна коса без да ја втривате смесата во корените и исплакнете по 40-60 минути.

Против сувост и првут

Додадете 3 капки есенцијално масло од еукалиптус во топло кокосово масло, измасирајте го во скалпот и продолжете да го нанесувате по должината на косата. Држете ја оваа маска 40 минути.

Како да исплакнете масло од кокос од коса?

Кокосовото масло треба да се измие со топла проточна вода и шампон, но доколку користите шампон без сулфати веројатно е потребно да ја исплакнете ја косата двапати.

Колку често може да се користи кокосовото масло за коса?

Тоа зависи од видот на косата и проблемите кои сакате да ги решите. Ако кокосовото масло се користи за баланс на скалпот тогаш не повеќе од 2 пати неделно. Секојдневно кокосовото масло можете да го користите за нега на врвовите. Маските за коса не треба да се прават повеќе од еднаш неделно.

facebook
Twitter
Follow
Scroll to Top