Не е тајна дека физичката активност е добра за вас, но дали знаете за сите начини на кои вежбањето може да го подобри вашето здравје? Најбитните 10 придобивки од спротот и физичката активност се:
- Подобрен здравствен кардиоваскуларен систем. Срцето е мускул, треба да се разработи! Редовното вежбање може да помогне во подобрување на целокупното здравје на целиот кардиоваскуларен систем.
- Намалување на ризикот од срцеви заболувања, мозочен удар и дијабетес. Поздраво срце значи намален ризик од кардиоваскуларни заболувања, мозочен удар и дијабетес.
- Помош при справувањето со вишокот килограми. Не само што физичката активност согорува калории, туку го подобрува и вашиот метаболизам на долг рок.
- Намалување на крвен притисок. Физичката активност го одржува срцето и крвните садови здрави, помагајќи да се спречи хипертензија.
- Засилена аеробна кондиција. Учеството во аеробни активности – како што е трчање, возење велосипед или пливање може да ги зајакне и белите дробови.
- Подобрена мускулна сила и издржливост. Вежбите за отпорност го предизвикуваат вашиот мускулен систем, што резултира со посилни мускули.
- Олеснување на стресот. Вежбањето е одличен стимулатор на доброто расположение и се покажа како ефикасен метод за олеснување на стресот.
- Намалување на ризикот од одредени видови на карцином. Луѓето кои редовно вежбаат имаат помала веројатност да развијат рак на дојка, дебелото црево и белите дробови.
- Зајакнување на имунолошкиот систем. Повеќе вежбање е еднаквно на помалку разболување. Подобрен сон. Знаеме само колку е важно спиењето и вежбањето и како може да ви помогне да ги искористите овие придобивки.
- Придобивки за менталното здравје. Вежбањето е добро и за вашето ментално здравје, бидејќи може да се бори со чувствата на вознемиреност и депресија, да го заостри фокусот и да ја подобри самодовербата.
Кога ќе ги додадете сите овие придобивки заедно, што добивате? Подолг, поздрав, попријатен живот!