Видот е еден од нај важните човечки сетила, без кој животот би ни бил лишен од впивање на најубавите бои и насмевките на нашите најблиски.
Многу е важно секојдневно да се следи видот и да се внимава на здравјето на очите, за да не се изгуби овој подарок со текот на времето. Нашето секојдневие се состои од различен збир на навики, од кои секојдневни навики, некои негативно влијаат на нашиот вид. И не станува збор само за честа употреба на гаџети и седење пред лаптоп или монитор. Во оваа статија ќе зборуваме за седумте навики кои го уништуваат видот и како да го избегнеме ова.
Лоша навика бр. 1.
Вашата диета е неизбалансирана.
Здравјето на нашите очи, како и здравјето на нашето тело во целина, во голема мера зависи и од исхраната. Недостатокот на разни хранливи материи не води само до нарушен вид, туку и до болестите како што се макуларна дегенерација (дегенерација на точката за јасен вид), како и катаракта. Витамините како А, Е и Ц, лутеин, зеаксантин, омега-3 и омега-6 масни киселини, како и цинк се некои од микронутриенти кои се важни за здравјето на очите.
Јадете разновидна растителна храна и почесто проверувајте ја вашата крв за недостатоци на микрохранливи материи и витамини, важно е да бидете сигурни дека ги добивате сите супстанции што се важни за вашиот вид. Од многу голем број на студии забележано е дека вегетаријанците помалку страдаат од дегенеративни болести на очите.
Лоша навика бр. 2. Често ги триете очите
Без оглед на тоа колку често ги миете рацете, редовно допирајќи ги очите го зголемувате ризикот од инфекција. Според Американското здружение за оптидометрија, ова може да доведе до проблеми, меѓу другото како што е конјунктивитис. Според научните студии, може да ја оштетите и рожницата (транспарентна мембрана во предниот дел на очното јаболко). Ова е толку сериозно што ако деформацијата е тешка, можеби ќе треба да извршите трансплантација на рожницата. Покрај тоа, ако сте кратковиди, честиот контакт со очите може да ја влоши ситуацијата.
Лоша навика бр. 3. Ја запоставувате подготовката за спиење
Секој од нас се соочил со ситуации кога е премногу уморен правилно да се подготви за спиење. Едноставно, многупати само сакаме да легнеме на креветот и да заспиеме. Важно е секогаш да се измие и отстрани шминката и да се отстранат контактните леќи пред да легнеме да спиеме. Доколку го пропуштите овој чекор, ризикувате не само да предизвикате инфекција, туку и да го оштетите видот. Според некои студии, спиењето со контактни леќи е најчеста причина за сериозни инфекции на рожницата кај луѓето кои ги користат. Покрај тоа, преку леќите скоро и да не поминува кислород до рожницата на окото, што може да доведе до едем. Што се однесува до спиењето со шминка на очите, ова може да доведе до такви сериозни последици како воспалителни инфилтрати на рожницата на окото.
Лоша навика бр. 4. Пушите
Во офталмологијата, пушењето е поврзано со поголем ризик од макуларна дегенерација, што на крајот влијае на видот. Според експертите од Националниот офталмолошки институт, оваа болест вклучува оштетување на мало подрачје на мрежницата што се користи за акутен централен вид. Кога овој дел е оштетен, видот се влошува. За жал, макуларната дегенерација е главната причина за губење на видот кај лица над 50 години. Пушењето двојно го зголемува ризикот од оваа болест.
Лоша навика бр. 5. Не ги заштитувате очите од сонцето
Секој знае дека високо квалитетната крема за сончање е неопходна за зачувување на здравјето на кожата, но многумина забораваат на важната улога која ја играат очилата за сонце. Овој аксесоар не само што ни овозможува да се чувствуваме поудобно и стилски во сончевата сезона, туку и ги штити очите. Занемарувајќи го фактот дека потребни се квалитетни очила за сонце, ризикувате да добиете фотокеритис – изгореница на очите. Според Американската академија за офталмологија, ова може да доведе до болка, оштетување на видот и привремено слепило.
Покрај тоа, една студија покажа дека луѓето кои се со поголема веројатност да бидат изложени на ултравиолетови зраци се повеќе склони кон катаракта и макуларна дегенерација поврзана со возраста во зрелоста.
Лоша навика бр. 6. Премалку спиете
Знаеме дека спиењето е важно за продуктивноста, виталноста, убавината на лицето, менталното здравје, слабеењето и здравјето на телото во целина. Според различни студии, количината и квалитетот на спиењето влијае на здравјето на нашите очи.
Еден од експериментите спроведени меѓу жителите на Јужна Африка покажа дека прилично висок процент на луѓе со слаб вид имаат проблеми со спиењето. Така, недостатокот на сон може да доведе до конвулзии, суви очи и заматен вид. Ако ги искусите овие симптоми, не заборавајте да спиете најмалку седум часа и запомнете да ги исклучите гаџетите два часа пред спиење.
Лоша навика бр. 7. Ја занемарувате посетата кај офталмолог
Повеќето луѓе закажуваат преглед кај офталмолог кога веќе имаат проблеми со видот. Важно е, треба да го правите ова редовно: редовна посета на офталмолог ќе помогне да се спречи болеста пред нејзините симптоми да започнат да ве мачат. Покрај тоа, офталмологот гледајќи во очите, може да открие проблеми кои не се поврзани со видот, како што се дијабетес или висок крвен притисок.
Ние од ЕкоГен честопати зборуваме за важноста да се биде свесен што секојдневно правиме, и за нашите секојдневни навики. Нашите навики го формираат нашето здравје, а зависат само од нас, без разлика дали се добри или лоши навики. Хигиената и заштита на очите, квалитетен сон, урамнотежена исхрана, отсуството на штетни зависности, редовни посети на доктор се главните работи кои помагаат да се одржи здравјето на очите долги години.