7 пречки на патот кон витка става

Дали понекогаш ви се чини дека правите сè како што треба, но и покрај вашиот напор бројките на вагата не се движат надолу. Ајде да зборуваме за некои од најчестите грешки кои ги правиме во обид да ја намалиме телесната тежина.

1. Се храниме нередовно
Кога не појадувате или прескокнувате оброци, автоматски си се програмирате дека подоцна ќе јадете повеќе за да надокнадите. Со таква нередовна исхрана голема е веројатноста дека чувството на глад ќе ве тера да се одлучите за неквалитетната храна во вид на многу калорични оброци и закуски. Затоа, во текот на денот е важно да се одржи балансот во оброците.

2. Јадеме додека сме под стрес или додека сме фокусирани на други нешта
Ако јадете пред ТВ, компјутер или додека скролате на мобилниот телефон, тоа скоро секогаш води до фактот дека јадете повеќе од планираното. Кога свесно го уживате ручекот, и внимателно ја џвакате храната и гледате точно што јадете, хормонот на заситеност се лачи во организмот во соодветната количина. Благодарение на ова, се чувствувате најадени без прејадување.

3. Премногу чести закуски
Ако постојано пробувате храна додека готвите во кујната, редовно погледнувате во фрижидерот и го залажувате организмот со внесување на секакви грицки кои ви се на дофат на рака, тоа е првиот знак дека несвесно тука ја правите грешката. Несвесните закуски – од здодевност, од стрес или помеѓу работа – можат да ве натераат да изгубите контрола над тоа колку навистина јадете. Обидете се да грицкате не повеќе од 1-3 пати на ден. Здравите закуски се исто така одлично решение, додека најбезбедна верзија на грицки се пуканките. Сепак најдобра опција за здрава закуска помеѓу оброците е да го чувате зеленчукот и овошјето на дофат при рака, – на овој начин здравата закуска може да ви го намали апетитот, за да го дочекате следниот оброк, гладни но не и лакоми..

4. Пиеме многу малку вода
Честопати ја мешаме гладта со жедта. Затоа, ако сметате дека сте гладни, прво напијте се чаша вода. За добар метаболизам, варење и контрола на телесната тежината треба да пиете доволно течности. Пијте чиста вода, чај од билки, свежо исцедени сокови од зеленчук, или пак кокосова вода, кои навистина многу ќе помогнат.

5. Неправилно пресметана големина на порцијата
Бројните студии покажуваат дека луѓето ја надминуваат двојно повеќе оптималната големина на порцијата која би требало да се конзумира за еден оброк. Порциите се зголемуваат со текот на времето, а истото се случува и со чиниите. Ако ги споредите порциите кои се сервираа во 1970-тите со сегашните, може да заклучите дека денес јадеме многу повеќе. Започнете со употреба на помали чинии – и ќе јадете многу помалку храна, а во исто време ќе се најадете доволно.

6. Неспиење
Студиите покажуваат дека ако секојдневно спиете помалку од препорачаните 7-9 часа, тогаш најверојатно често имате закуски и имате тенденција да се прејадувате. Ненаспаното тело копнее по внес на брзи јаглени хидрати – кифли, слатки. Ниту една силна волја не може да се справи со тоа.

7. Занемарување на зеленчук
Луѓето кои јадат многу овошје и зеленчук побрзо ја губат телесната тежина и лесно ја одржуваат витата линија, за што и докажано постојат неколку причини за ова. Прво, исхраната богата со растителна храна го заситува организмот со широк спектар на хранливи материи, содржи помалку калории од една страна, а содржи повеќе растителни влакна од друга страна. Второ, исхраната базирана на хербални производи помага да се одржи цревната флора здрава, што е клучот за одржување на оптималната тежина. Трето, со конзумирање на растителна храна го активирате метаболизмот, а со тоа го забрзувате процесот на согорување на маснотиите.
Ако ги избегнувате сите овие грешки но сепак се чувствувате лошо, а прекумерната тежина не исчезнува, веројатно ќе треба да се консултирате со лекар за да бидете сигурни дека немате никакви дијагностицирани медицински проблеми како на пример болести на тироидната жлезда.
Не заборавајте за овие едноставни правила и обидете се да се придржувате до исхраната заснована на растителна храна и сигурно ќе ја постигнете посакуваната тежина!

facebook
Twitter
Follow
Scroll to Top