Куркумата е најпознат зачин во светот. Го менува вкусот на скоро секое јадење, а многу мала количина од неа е доволна за да направи добро на вашето тело.
Чај од ѓумбир и куркума
Потребни состојки:
– 1 шоља вода
– 1/4 лажиче со куркума во прав
– 1/4 лажиче со ѓумбир во прав
– неколку капки млеко (по вкус)
– мед (по вкус)
Припрема:Сварете ја водата на јак оган. Кога ќе почне да врие, додате ја куркумата и ѓумбирот. Намалете го оганот на тивко и мешајте 5 минути. Тргнете од оган, додадете млеко и мед и послужете.
Зелено смути за доручек
Потребни состојки:
– 1 шоља кељ, спанаќ (или било какво зелен зеленчук по желба)
– 1 банана
– чаша кокосова вода
– една лажица путер од кикирики
– една лажица кокосово масло
– прстофат куркума
– малку мед (по желба)
Припрема:Сите состојки ставете ги во блендер. Блендирајте се до негово соединување и послужете.