Домашна купка

Купките со мирис се рецепт за здравје, убавина и опуштање.

За да ја направиме иделната купка, можете да одберете различен спектар на производи. На пример, сол (околку половина килограм во една полна када), кој прави целосна детоксикација на телото. Ваквото чувство нуди целосна релаксација и опуштање на мускулите. Во купката можете да додадете етерични масла, а нејзиниот избор повторно зависи од целта која сакате да ја постигнете.

Етеричните масла секогаш прво се ставаат во емулгаторот, а потоа се мешаат во водата.

Емулгаторот служи за рамномерно сместување на маслото во целата купка. Доколку го ставите директно во водата, поголемата количина на маслото ќе исплива на површина и брзо ќе испари, а може и да се надразнат деловите на кожа кои не се во вода. Најдобар природен емулгатор е сојата која има висока концентрација на лецитин. Солта, медот или млекото не се квалитетни емулгатори.

За да може да се постигне метаболички процес, добро е да се испие чај составен од билки кои го смируваат организмот и поттикнуваат потење, како на пример:

 – црн слез

– цвет од липа

– плод од шипка

– камилица

Топла купка (околку 38 степени), доведува до ширење на кожните пори, додека солта е присутна во купката поттикнува да се отрстранат токсините и нечистотиите. Ваквата купка е одлична при настинки и воспалителни процеси. Во купката можете да додадете и малку лимон кој ќе го зајакне имуниот систем.

Умерено топла купка (до 34 степени), служи за смирување и релаксација. Тука можете да додадете поголем број на етерични масла, зависно од желбата, како на пример:

– цветни мириси како јасмин, ружа

– цитруси како мандарина, бергамот, портокал

– лаванда

Опуштањето на мускулите е една од најважните ефекти кои ги постигнува купката.

Купка до 25 степени се користи кога сакаме да се разбудиме и да го закрепнеме организмот. Тука може да се додадат масла за делуваат стимулирачки како што се:

– еукалиптус

– бор

– рузмарин

Бањајте се онолку долго колку што му одговара на вашиот организам. Претходно припремете една чаша свеж сок од портокал кој ќе го испиете по завршување на бањањето со цел, обновување на енергијата.

facebook
Twitter
Follow

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Scroll to Top