Зелени палачинки

Потребни намирници:

-100 грама спанаќ

– 1 шоља брашно

– 1 шоља јогурт

– 1 лажица маслиново масло

– 2 жолчки

– 1 чешне лук

– ½ лажичка сода

– ½ лажичка мелен босилок

Спанаќот добро измијте го и ставете го во блендер заедно со јогуртот, жолчките, лукот и маслиновото масло.

Откако ќе се изблендираат убаво, се до соединување на смесата, постепено додавајте го брашното, содата и босилекот.

Готовата смеса треба да биде погуста од смесата за вообичаени палачинки.

Палачинките можете да ги послужите со јогурт или пак кисело млеко, или пак со намаз од наут.

facebook
Twitter
Follow

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Scroll to Top