Како да ја промените негата на кожата и косата со почетокот на летото ?


Сите со нетрпение го очекуваме летото како почеток на нешто ново. Секако
дека сакаме да се ослободиме од товарот на „зимските“ килограми не само
од телото туку и во несесерот за козметика за да ги пречекаме првите
сончеви зраци целосно подготвени. Поради тоа ви подготвивме неколку
совети како да се погрижите за вашето тело и коса пред почеток на летото.

Совет број 1: испразнете го несесерот за шминка
Со почетокот на топлината, има смисла не само да се тргнат топлите јакни и
џемпери од плакарот, туку и несоодветните производи за нега од несесерот
за козметика. Оставете ги хранливите густи креми за лице до следното
студено време. Сега на кожата потребна и е хидратација, па додадете лесни
серуми и креми со проѕирна текстура во вашата програма за нега на лице.
Обрнете внимание и на факторот за заштита од УВ зраци кој ќе ја заштити
вашата кожа од агресивните зраци на сонцето.


Совет број 2: Променете ја вашата исхрана
Колку и да звучи банално, но факт е дека ниту еден козметолог нема да ја
направи вашата кожа млада и убава доколку јадете неправилно,
злоупотребувате мрсна храна, слатки и алкохол.


Совет број 3: Третирајте го вашето тело со козметички процедури
Сега е вистинскиот период кога треба да размислите за третмани за тело.
Одлична опција може да бидат и масажите или облогите за тело, или пак
комбинација од двете. Оваа сезона во салоните има многу нови процедури
кои се корисни за организмот. На пример, пробајте масажа со козметички
производи збогатени со магнезиум. За време на масажата, минералот се
апсорбира, благодарение на кој кожата се затегнува и совршено се хидрира.
Не смееме да заборавиме и на домашната нега на тело. Не заборавајте да
користите пилинг еднаш неделно за време на туширање и хидратантен
лосион после тоа.

Совет број 4: Не заборавајте на вашата коса
По зимата, нашата коса има потреба од нега и промена на нега не помалку
од кожата. Ако чувствувате дека бојата на косата е променета, а краевите
изгледаат суви, тогаш ви нудиме едноставно решение: наместо балзам
користиме маска за коса после секое миење.

Оставете да делува 30 минути, а потоа исплакнете ја и завршете ја негата со нанесување на лесно масло за коса. Со почетокот на топлината, препорачливо е да престанете да
користите фен и да ја исушите косата природно.

facebook
Twitter
Follow

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Scroll to Top