Куркума

Куркумата е природен лек кој е многу познат во далечниот исток, во земји како Кина, Индонезија и Индија.Освен што на храната и дава богат и егзотичен вкус, куркумата може многу да помогне при лечење на разни болести.Куркумата е дел од семејството на ѓумбир, а нејзиниот вкус зависи од тоа колку е свежа. Доколку е свежа таа има малку лут и ароматичен вкус, додека сушената куркума има вкус на мешавина од портокал и ѓумбир. Поради својата интензивна боја често се користи за бојадисување на разни работи а многу често се става и во сенфот.
Куркумата во себе содржи противвоспалителни состојки, како и антиканцерогени и антивирусни.Со оглед на тоа дека има исклучително силно дејство, многу често куркумата се користи како замена за лекови. Од таа причина препорачаната доза е една лажица.Куркумата позитивно делува при згрутчување на крвта, со тоа што го забавува процесот.Куркумата позитивно делува и при депресии. Направени се доста истражувања и ниту еден од истражуваните нема покажано некаква нус појава од користењето на куркума.
Во борбата со холестерот често куркумата издвојува победа. Почнете со користење на време и навремено спречете ги последиците што би ги добиле од зголемен холестерол.Ваквото позитивно делување на куркумата е благодарение на големиот број антиоксиданти кои ги содржи.Со честот конзумирање на куркума, без да се пречекори дозата од максимум една лажичка на ден, ќе превенирате многу болести.

facebook
Twitter
Follow

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Scroll to Top