Маска за коса од јајце и зошто е најдобра?!

Маската за коса од јајце е една од најдобрите маски за коса која има повеќекратно дејство за вашата коса. Може да ви помогне во борбата против опаѓање, мрсната коса, сува коса.

Маската за коса има функција да ја храни вашата коса и со своите состојки да допре не само низ површината  на вашите косата, туку и внатре во влакното на косата. На тој начин  и дава комплетна нега и заштита на вашата коса.

Вашата коса по користење на маската од јајце, добива сјај, изгледа здраво и врвовите се без оштетувања.

Маските за коса не се за секојдневна употреба, туку само по потреба (еднаш до два пати неделно) или пак во зависност од видливите оштетувања.

Маските за најдобро делување треба да одстојат минимум 10 минути па дури и до два часа.

Јајцата  се извор на витамин Б и протеин, кои се од големо значење за одржување на здравјето на вашата коса. Доколку користите сирови јајца можете да влијаете на здрав раст на косата и да овозможите неопходен сјај, поточно да и обезбедите живот.

Маската за коса од јајца може да се користи на разни начини со што би спречило опаѓање, го забрзува растот на косата и овозможува мекост и одлична хидрација. 

За маската доволно е да се користи сирово јајце, меѓутоа треба да се помеша со лимонов сок, маслиново масло, мед, јогурт, рицинусово масло, рузмарин или пак некоја друга состојка и се добива вистинска витаминска бомба за вашата коса.

Јајцето во комбинација со други состојки само го зголемува дејството на маската. Постојат голем избор на маски за коса, секако зависно од типот на косата, колку и каде да ја користите одговор ќе ви даде вашата коса.

Маската од јајце е неопходна за вашата коса да бида здрава, сјајна и мека. Само замислете колку вашата коса е изложена на сонце, вода, колку често ја фарбате, фенирате, сушите…дали мислите дека се тоа тоа и одговара на вашата коса?

Основната нега на коса подразбира правилно миење, користење на шампони без сулфати и парабен, балзам и дополнителна нега, во која се сместуваат маските за коса.

Рецепт:

Едноставна маска за коса од јајце и маслиново

Потребни состојки:

  • 2 jajцa
  • 2 лажици маслиново масло

Измешајте ги и потоа нанесете на вашата коса.

facebook
Twitter
Follow

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Scroll to Top