Маска за сува коса

Земете едно јајце, оделете ги белката од жолчката. За да направите маска за сува коса, потребна ви е само жолчката. Жолчката од јајцето содржи маснотии и протеини кои помагаат да се навлажни и подмлади сувата и безживотна коса.

Совет плус: Не фрлајте го остатокот од јајцето туку употребете ја белката за вашата кожа. Таа подмладува и затегнува, така што можете да ја употребите како маска за лице.

Ставете ја жолчката во сад. Помешајте ја жолчката со маслиново масло. Промешајте добро, додека смесата не биде лесна и кремаста. Оваа количина е доволна за средна должина на коса.

Ако вашата коса е многу густа, додадете уште една лажица на маслиново масло. Ако косата е кратка, намалете ја количината на маслиново масло.

Нанесете на влажна коса. Ако косата е влажна, полесно ќе ја распоредите маската од коренот до краевите. Користете широк чешел за чешлање на маската низ косата, внимавајќи да се прекријат добро сите делови од косата.

Ако имате тенденција да имате премногу суви краеви, употребувајте повеќе масни наслаги на своите краеви отколку на коренот.

Маската нека отстои 20 минути. Потоа измијте ја со вода и шампон, кој треба да биде без сулфат. Шампонот ќе ги оттргне вишокот на масло и јајце, оставајќи ја вашата коса сјајна и мека. Секако користете ладна и млака вода, за јајцето не се “вари” во вашата коса.

Исушете ја вашата коса, најдобро природно без фен за коса. На тој начин ќе имате мека и здава и коса.

facebook
Twitter
Follow

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Scroll to Top