Нашето тело совршено функционира додека е во хармонија, но стресот и насобраните токсини во телото создаваат нерамнотежа на телесниот состав и болести. Квалитетниот одмор е од исклучително значење бидејќи влијае врз намалување на токсините во телото, го ревитализира целиот организам, внесува хармонија во телото како физички така и психички, па затоа од исклучителна важност е да се научи како целосно да се опуштите.
Медитацијата е едноставна метода и релаксација која помага во психофизичко одмарање, исто како за време на најдлабок сон, но со свесност за околината.
За време на медитација се активира парасимпатички состав со што се зголемува сератонинот и мелатонинот за 300%, за 200% се зголемува протокот на крв, а за 47% се намалува можноста од добивање на срцев удар.
Медитацијата како техника се практицира од кога постои светот и човекот, па затоа е составен дел од сите култури. Постојат најразлични видови на медитација, но се води кон иста цел. Нејзиното благотворно дејство на умот и телото овозможува, да се прошири перцепцијата и подобро делува на секојдневниот живот. Најголемите генијалци, филозофи и уметници практицирале некаков вид на јога и медитација кои им овозможиле во потполност да ја изразат својата креативност, идеја и визија.
Коренот на медитацијата доаѓа од латинските зборови meditare или пак грчките зборови medjha што значи “погледнете во себе”, додека на санскрит медитацијата се вика dhjana, што значи, “потполна свесност”. Поимите и изразите за медитација се однесуваат на техника за самозапознавање и проширување на свесноста која се постигнува со хармонија на телото, духот и емоцијата со што се развива среќа и здравје.
Влијанието на медитацијата на физиологија:
- Намалување на анксциозност и стрес
- Го опушта и хармонизира составот на телото
- Намалува хронични болки
- Лечи несоница
- Ги опушта стомачните мускули и утробата
- Го зајакнува ендокриниот и живчениот состав
- Ја подобрува концентрацијата, влијае на младоликост и здравје
Влијанието на медитацијата во психологијата на човекот
- Ослободува од депресија и го зголемува еланот и среќата
- Влијае врз зајакнување на менталниот потенцијал
- Ја зголемува способноста за учење, концентрација и помнење
- Ја зголемува самодовербата
- Влијае врз намалување на лошите навики