Маска за лице
Маските се состојат од природна глина, глицерола, билни и етерични масла. Глината и дава на кожата минерали, глицеролот ја хидрира кожата, билното масло ја храни додека етеричните масла влијаат специфично на пример, ја регулираат маснотијата и делуваат против воспалително.
Маската се нанесува на сува кожа претходно исчистена со пилинг, потоа се поминува со тоник со што би се тргнале и маснотиите. Така лицето се остава половина час и потоа се испира со вода.
Ова применувајте го еднаш неделно. По нанесувањето на маската на лицето се нанесува и ноќна крема.
Пилинг за лице и тело
Оттргнувањето на масните наслаги и нечистотија од кожата најдобро со прави со природен пилинг, Овој пилинг не е агресивен за кожата туку благо и механички ја чисти.
Пилингот е најдобро да се направи во облик на крема која се нанесува со прстите на рацете и потоа со кружни движења се масира целото лице.
Посебно внимание посветете на масните зони, чело, пределот околу носот и брадата.
Најквалитетниот пилинзи за лице се микронизирани честички и масло о мабус, литотамниски алги и слично. Покрупно направените пилинзи се за тело додека микроницираните честички се за лице.
Освен основните работи кои делуваат механички, во пилингот се додаваат и билни и етерични масла кои ја прехрануваат кожата и ја прават регулацијата на маснотијата, зависно од типот на кожата и проблемите со кои се соочувате. Пилингот може да се припреми од различни материјали кои ви се достапни во кујната, како на пример:
– морска сол,
– цветови од камилица
– пченкарен гриз
– зрна од мака
Кристалите од солта се остри па треба помалку да се употребуваат за осетлива кожа и тело. Ја издвојуваме количината која ни треба за пилинг и во неа додаваме билно масло по ваша желба (бадемово, макадамија, кантарион, маслиново).
Измешајте додека смесата не стане компактна за да може да се стави на прст и потоа да се протрие во кожата.
Претходно додаваме и неколку етерично масло кое има благотворно дејство на кожата како што е рузмарин. Пилингот се нанесува во када и полека со кружни движења се распределува на целата површина на кожата. На крај измијте со вода.