Дали барем еднаш сте пробале да направите домашна маска за вашата коса? Ви предлагаме неколку маски за коса кои ја хранат и негуваат вашата глава и коса. Пробајте ги!
Маслиново масло
Едно од основните предности на маслиновото масло е што одлично се комбинира со други препратати кои помагаат во негувањето на косата. Маслото хидрира и дава мекост,па ќе имате чувство како со саати да сте имале некој балзам на вашата коса. Маслото помага за оштетена и испукана коса, ја генерира и го враќа природниот сјај.
Млеко
Доколку сакате да ја омекнете косата, користете млеко. Освен што е богато со витамин Б која ќе ја нахрани косата, туку и веднаш, по првото нанесување, ќе се чувствутае неверојатно меко и лесно за чешлање.
Лимон
Доколку имате мрсна коса, немојте да ја заобиколите оваа состојка. Лимонот е одличен отстранувач на вишокот масло во вашата коса. Можете да го користите за осветлување на косата, но тогаш треба да се разблажи со вода во сооднос 1:2. Но, бидете внимателни со лимонот! Доколку ставите поголема количина од потребната, можете да предизвикате иритација на кожата и главата која ќе предизвика печење.
Кокосово масло
Неговата предност за косата е голема. Се смета дека кокосовото масло е најдоброто масло за коса во светот. Кога ќе го ставите на вашата коса, веднаш добивате чувство дека имате ставено некаков балзам, а вашата коса е сјајна и мека. Помага во борбата со опаѓање на коса, прави регенерација на оштетената коса, хидрира и помага во третманот со испукани врвови од косата.
Мед
Една од најважните функции во препаратите за коса е нејзина хидратација. Медот е полн со аминокиселини и е одличен за регенерација на сува и оштетена коса. Ставете мед во природна маска за која (во било која), само запомнете дека не смеете да претерувате со количината.
Јаболков оцет
Помага во отстранување на вишокот масло на кожата на главата и затоа се препорачува да се користи за мрсна коса. Освен тоа е одличен за отстранување на перут, а можете да го користите секој пат како прва помош за мрсна коса.
Имајте на ум дека сите овие состојки и маски би биле бескорисни доколку користите секој ден некој јак шампон кој ја оштетува косата. Природните шампони кои се благи и лесни се најдобро за секојдневна употреба.
