Универзална крема од билки

Овој рецепт за универзална крема од медитерански билки можете да го користите како ноќна крема, крема за раце, пети, лакт или пак за регенерација на кожата.

Состојки:

  • 100 grama несолена свинска маст
  • Една лажица маслиново/бадемово масло
  • Четири-пет цветови од камилица
  • Четири-пет цветови од лаванда
  • Голема лажица медитерански билки по избор (микс или пак поединечна, вклучувајќи и камилица и лаванда)
  • Четири-пет капки етерично масло (ванила, портокал, лаванда, камилица, роза)

Припрема:

Ако немате несолена маст, тогаш измијте ја неколку пати во ладна вода, па потоа ставете го на потопла температура и додајте маслиново или билно масло. Загрејте се заедно неколку минути и оставете да одмори 24 часа. Повторно загрејте ја маста се до нејзино топење (но не да врие), процедете низ дебел слој на газа и додајте етерично масло, само едно од наведените.

Ставете во стерилизиран сад и доколку е лето чувајте во ладилник, а во тек на зима на собна температура.

.

facebook
Twitter
Follow

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Scroll to Top