Концептот за “зелени хотели” подразбира рационално трошење на ресурси и заштита на животната средина. Тоа подразбира рационално трошење на вода и електрична енергија како рециклирање на сметот кој хотелот го произведува. Тука се надополнува и користење на нетоксични средства за чистење и воопшто, грижа за животната средина.
Сето ова се постигнува со тоа што електронските уреди автоматски се вклучуваат кога гостите ја напуштаат собата, пешкирите и постелнината се менува секојдневно, а протокот на вода од лавабото е со временски ограничувања.
Хотелите кои се наоѓаат далеку од градовите можат да се посветат на одгледување и органско овошје или зеленчук кои ќе се служат на гостите.
Контролата, еколошката работа и сертифицирањето се прави од лиценцирани компании и се наплаќа.
Ваквите хотели се најчесто поскапи од останатите но не треба да се занемари фактот дека има луѓе кои ја почитуваат животната средина и се спремни да платат за да го добијат бенефитот од присуство во ваков хотел.
Доколку сакате да најдете некоја поевтина опција за “зелен” сертификат, тука е TripAdvisor GreenLeaders program. TripAdvisor во 2013 година овозможува на патниците од Америка, а во 2014 и на оние од Канада и неколку земји од Европа да направат пребарување на зелени или еко хотели.
Постои и друг сертификат а тоа е „Green Key“ кој е со важност од една година. Пред да се добие истиот хотелот проаѓа низ детална ревизија. Истото се случува и по истек на една година со цел ресертифицирање.
Една од едноставните работи кои ги прават еко хотелите е едукација на вработените во хотелот. Тие мораат да помогнат во заштедата, па на пример доколку видат дека некоја чешма тече без потреба должни се веднаш да ја исклучат. Хотелот исто така може да обезбеди и контејнери за рециклажа на различни материјали кои можат да се бидат поврзани со некоја центар за рециклирање.
Исто така се препорачува во собата на гостите да имаат на располагање стаклени и керамички чаши и шољи, наместо пластични.
Најчесто хотелите земаат храна од локални фарми, користат соларни панели и гледаат да ги следат еко трендовите.