12 лајф-хакови за да се префрлите на „зелен“ начин на живот

Без оглед на вашата мотивација и цел, било да е тоа грижа за сопственото
здравје, сочувство кон животните или грижа за иднината на планетата, или
можеби одеднаш, острата транзиција кон „зелен“ начин на живот не е лесна
задача. И затоа ние денес ќе ги споделиме со вас нашите 12 лајф-хакови за
транзиција кон зелениот начин на живот.

  1. Запомнете ги главните извори на протеини од растително потекло
    Доколку сакате да станете веган, погрижете се да ја внесете потребната
    количина на протеини. Најбогати со протеини се: гравот, наутот, леќата,
    грашокот и киноата.
  2. Почнете да другарувате со млекото од јаткасти плодови
    Не можете да го замислите вашето утро без лате, но веќе сте решени да го
    исклучите млекото од вашата исхрана? Само заменете го со вкусно и
    хранливо млеко од јаткасти плодови, кое што може да го направите и дома.
  3. Засакајте ги „новите“ видови на намази
    Ако порано сте користиле путер и сирење за да го подготвите вашиот тост,
    сега имате можност и целосно право да ги замените со многу покорисни
    опции. На пример може да ги замените со : пире од авокадо, путер од
    јаткасти плодови, хумус и леќа.
  4. Подгответе ароматична зеленчукова основа за вашите јадења
    Веганската супа, чорбите, карито и обичната варена киноа како прилог се
    уште повкусни кога се готват во домашна супа од зеленчук. Неговиот
    класичен рецепт е исклучително едноставен: згответе неколку цели
    моркови, стебленца целер, еден кромид, неколку чешниња лук, бибер и
    ловоров лист на тивок оган еден до два часа, а на крајот извадете го
    зеленчукот.
  5. Користете ги веганските трикови за да ги замените јајцата во пециво
    За да го замените јајцето, користете мелено чиа семе или ленено семе
    измешано со вода во сооднос од еден до три. Оставете ја подготвената смеса да се олади во фрижидер околу еден час; во овој рецепт, една лажица семки заменува едно јајце.
  1. Купувајте локални производи
    Свесната потрошувачка, вклучително и поддршката за локалните
    производители, е еден од централните концепти на зелениот начин на
    живот.
  2. Префрлете се на природна козметика
    Одамна не е тајна дека, поради хемиските соединенија содржани во неа,
    козметиката може да биде токсична, а содржи и состојки од животинско
    потекло. Ако сте донеле одлука да бидете одговорен потрошувач,
    префрлете се на 100% природна и етичка ботаничка козметика.
  3. Заменете го парфемот со органско есенцијално масло
    За да го минимизирате ризикот на токсичност на телото, префрлете се на
    органски есенцијални масла. Тие, покрај пријатната и стабилна арома, ќе ги
    откријат и своите уникатни терапевтски својства.
  4. Купувајте облека од еко-брендови
    Ако сте загрижени за иднината на нашата планета, префрлете се на
    производи од компании посветени на одржливо, зелено производство.
  5. Избегнувајте токсични детергенти
    Користењето природни производи за чистење на домот ќе биде уште еден
    чекор кон намалување на токсините во вашиот личен простор и околина.
  6. Направете си своја „стаклена градина“
    Или подобро кажано, набавете домашни растенија или дури поставете мини
    зеленчукова градина на прозорецот, одгледувајте босилек, мајчина душица
    и рузмарин во текот на целата година!
  7. Минимизирајте ја количината на пластика и друго ѓубре
    Престанете со употребата на пластични шишиња, ќеси, прибори за јадење
    за еднократна употреба и тренспарентна фолија. Како алтернатива,
    набавете торба за намирници направена од текстил за повеќекратна употреба, како и стаклено или челично шише со вода и контејнери за храна направени од слични материјали.
facebook
Twitter
Follow

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Scroll to Top